Победа на ЦДУ во Тиринген
14 јуни 2004Кандидатот на социјалдемократите Кристоф Мачи мораше да го издржи катастрофалниот резултат на неговата партија во Тиринген. Ниту во оваа покраина не можеше да запре низата порази на СПД:
“Не ја постигнваме изборната цел во Тиринген. Не можевме да се спротивставиме на трендот кој секаде има влијание врз СПД, но овие избори првенствено се претворија во избори на протест“.
Вината за неуспехот на социјалдемократите тој во голем дел ја гледа во сојузната партија. Мнозинството избирачи во Тиринегн се одлучија според сојузните постигања, а не според покаринските. Напротив ЦДУ има причини да се радува. Додуша загуби неколку процентни поени, но судејќи по се, повторно обезбеди апсолутно мнозинство. Премиерот Дитер Алтхаус:
“Сосема јасна победа на ЦДУ во Тиринген. Тоа покажува дека политиката во последните години што ја водевме во овој легислативен период ја има поддршката од мнозинството избирачи“. Сите шпекулации за првата можна црно-зелена покраинска влада во Германија се инаку завршени зашто на зелените, се чини, не им успеа да ја прексокнат пречката од пет насто. Најголеми добивки забележа ПДС. Левите социјалисти и во иднина остануваат најсилната опозициона партија профитирајќи од протестната атмосфера во покраината насочена пред се против црвено-зелената реформска политика на сојузната влада. ПДС кандидатот Бодо Рамелов се чувствува ккао победник на овие покраински избори:
“Имавме три изборни цели. Прво да префрлиме 20 насто, второ да бидеме втората најсилна фракција и трето, да ја пратиме ЦДУ во опозиција. Две цели постигнавме, третата ќе ја спроведеме со работењето во опозиција“.