Пет нешта кои ги научивме од Светското првенство 2018
Светското фудбалско првенство во Русија е зад нас. Тоа донесе нов светски шампион- Франција, која на тронот ја замени Германија, која дефинитивно беше најнегативното изненадување на првенството.
Дефанзивата и контрите- рецепт за успех
Трикови во играта недостасуваа, магичен фудбал воопшто немаше во понуда. Рецептот за успех беше компактна одбрана и контра-напади. Порано тоа беше тактика на аутсајдерите, а сега изгледа како да станала одлика на врвниот фудбал. Франција без сомнение е заслужен првак бидејќи беше ефикасна екипа, но фудбалски сјај дури и триколорите покажаа само во ретки ситуации.
Русија- одличен домаќин
Русија навистина се покажа како пријателска земја. Модерните стадиони беа пополнети, немаше конфликтни ситуации, на домаќинот не му се случија некои поголеми пропусти во организацијата на настанот. За разлика од ЗОИ во 2014 година во Сочи, светското првенство не беше во знакот на Путин. Рускиот претседател овојпат беше упадливо воздржан што беше позитивно за надворешниот впечаток.
Најголем губитник- Германија
Причините за историскиот неуспех и испаѓањето уште во првиот круг беа очигледни. Недостигаше од сите состојки кои во 2014 доведоа до триумфот – глад за победа, акција, тимски дух, лидерски квалитети. Играчите не се покажаа во најдобро светло, но не се покажаа ни тренерот Лев, менаџерот Бирхоф и Германската фудбалски сојуз. Следува бурен период за германската репрезентација.
Некои нови момчиња
Хрватска беше исклучок. Тие имаа искусни играчи со преку 30 години како врвниот Лука Модриќ (лево на фотографијата) кои на малата земја и помогнаа со влезот во финалето да го забележи најголемиот успех во историјата. Инаку пред сѐ младите играчи се наоѓаа на насловните, во прв ред 19-годишниот Мбапе (десно на фотографијата) кој се охрабри да згазне по стапките на Меси или пак Роналдо.
ВАР- технологијата може да функционира
Судиите на Мундијалот екцесивно ја користеа ВАР-технологијата, со исклучок на само неколку ситуации. Сликите од контролниот простор беа прикажувани на стадионите и на телевизиските екрани. Тоа придонесе за поголема транспарентност отколку во Бундеслигата. Не може да се смени фактот дека ќе има ситуации во кои финеси одлучуваа.