1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Седат Пекер и турската душа

Бурку Каракаш
19 јуни 2021

Турскиот мафијаш во видеа на Јутјуб отворено говори за сомнителните бизниси на власта и допира до милиони гледачи. Психијатарот Илкер Куџукпарлак објаснува што говори успехот на Пекер за турската душа.

https://p.dw.com/p/3vAVA
Screenshot Youtube | Mafiaboss Sedat Peker
Фотографија: REİS SEDAT PEKER/Youtube

Турскиот мафијаш отворено објави на Јутјуб сè во врска со сомнителниот бизнис на Владата и достигна милиони гледачи. Психијатарот Куџукпалак објаснува што говори успехот на Пекер за турската душа.

Со своите видео пораки мафијашот Седат Пекер предизвика сензација на социјалните мрежи. Досега тој објави девет видеа на Јутјуб, од кои секое стана вирално и се најде на насловните страници на весниците. Во своите говори, тој сериозно обвинува истакнати политичари од владејачката партија АКП и луѓе блиски до владата за вмешаност во убиства, силувања, шверц на дрога, злоупотреба на службена должност и многу други кривични дела.

Целата земја е во екстаза поради видеата што Пекер обично ги објавува во недела - и со нетрпение се чека секое следно видео. Од почетокот на мај, речиси и да нема други теми, кои доминираат толку многу во турските медиуми. За психијатарот Илкер Куџукпарлак, случајот Пекер говори многу за турската душа.

Türkei Psychiater Ilker Kücükparlak
Турскиот психолог, Илкер КуџукпарлакФотографија: Privat

ДВ: Какви заклучоци, од Вашата перспектива како психолог, извлекувате од видеата на Седат Пекер?

Илкер Куџукпарлак: Многу луѓе покажуваат голем интерес за видеата на Пекер - за некои тој дури стана омилен лик. Видеата на Седат се уште еден знак дека има засилена поларизација во Турција.

Повеќе: Мафијашкиот скандал станува сѐ поопасен за Ердоган

Видео објавите на Пекер на Јутјуб досега имаа речиси сто милиони прегледи. Како може да се објасни фасцинацијата со неговите видео пораки?

Постои една состојба, која ние ја означуваме како „порнографска“. „Што ќе се открие?“; „Кој ќе биде втеран во аголот?“; „Што се случува зад затворени врати?“. Да се ​​биде во можност да се види што се случува зад затворени врати е воајеристичко задоволување. Луѓето се радуваат кога ќе слушнат како се клеветат одредени личности: министри, бизнисмени, и.т.н.… Им се даваат грди прекари, им се упатуваат закани… Можеби затоа во голем дел од општеството владее воодушевување за неговите видеа. И така, тој може да стане симпатичен.

YouTube Kanal -   türkischer Mafiaboss Sedat Peker
Фотографија: Mehmet Guzel/AP/picture alliance

Можете ли да го појасните тоа што го велите дека објавените снимки будат воајеризам кај луѓето?

Кога ќе се искуси она што се случува зад затворените врати на еден „елитен клуб“, се случува еден вид задоволување. Многу телевизиски емисии, кои се гледаат во нашата земја, се засноваат на воајеристичко поттикнување. На пример, реалното шоу „Преживеан“. Во таа емисија постојано се објавуваат видеа што откриваат нешто. Неверојатна динамика се постигнува со претворање на воајерското задоволување во феноменален телевизиски настан. Мислам дека и видеата на Пекер имаат слична динамика.

Повеќе:Турција: Седат Пекер станува закана за Ердоган

Може ли овој воајеризам да има некаква врска со искривеното чувство за правда во турското општество?

Оваа личност до неодамна зборуваше на бројни собири во корист на владата. Во име на владата тој им се закануваше на членовите на иницијативата „Академици за мир“ дека „ќе се капат во сопствената крв“. Секако, откритијата на еден инсајдер имаат сериозни последици. Ова е автентично, затоа што еден инсајдер открива дел од вистината и истовремено се обвинува себеси.

Screenshot Youtube | Mafiaboss Sedat Peker
Фотографија: REİS SEDAT PEKER/Youtube

На што се должат симпатиите кои некои луѓе ги имаат кон Пекер?

Тој е добар говорник, кој вешто ги инструментализира емоциите. Само мал број на политичари можат да ги инструментализираат емоциите на луѓето. Тој е автентичен, се лути кога треба да се налути. Изгледа емотивно, кога би требало да е трогнат од нешто и така натаму ... Патем, водачите на секти го прават истото. Постојат одредени емоции во сите негови говори - содржината станува помалку важна.

Повеќе:Седат Пекер: Гангстерот кој сакаше да стане кум

Кон кои емоции најмногу цели Пекер?

Тој понекогаш е лут, понекогаш  забавен. Понекогаш духовит. Покажува решителност. Понекогаш го нагласува своето лично страдање и зазема став на жртва. Тогаш е повторно лут. На тоа мислам кога велам дека ги инструментализира емоциите. Никогаш не останува во едно расположение. Прво се претставува себеси како тажен, потоа е повторно лут, има омраза и енергија, така што во него не можеме да видиме жртва или изгубен човек.

Sedat Peker, türkischer Mafia Boss in Exil
Фотографија: Anka

Дали имате впечаток дека Пекер, како мафијаш, е „пример“, особено за младите мажи?

На почеток тој беше пример за нив, но потоа ја покажа својата бесна и огорчена страна. Тој не е лик на мачо момче од соседството, кое, благодарение на криминалот, скокнало во општествената хиерархија и кое со тој начин собира симпатии. Затоа што, тој им е симпатичен и на луѓето кои немаат никаква врска со тоа.