1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пари за новата бетонска обивка за Чернобил

19 април 2011

Најмалку 550 милиони евра се собрани на денешната донаторска конференција во Киев, за довршување на новиот бетонски саркофаг во Чернобил. Реакторот се‘ уште зрачи и претставува потенцијална опасност за Европа.

https://p.dw.com/p/10wYU
Чернобил стана симбол за нуклеарна катастрофаФотографија: picture alliance/dpa

Најмалку 550 милиони евра се собрани на денешната донаторска конференција во Киев, за довршување на новиот бетонски саркофаг во Чернобил, информира францускиот премиер Франсоа Фион. Меѓународната донаторска конференција, беше организирана, бидејќи беа потребни 740 милиони евра за завршување на изградбата на новиот бетонски саркофаг, со кој трајно би се решил проблемот на чернобилскиот реактор.

Verlassene Strasse in Pripyat
Празен град по катастрофатаФотографија: DW/K.Percy

Претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо, најави дека ЕУ ќе одобри 110 милиони евра за изградба на бетонската обвивка, Русија вети 45 милиони евра, а Хрватска околу 136.000 евра. Експлозијата на четвртиот реактор во Чернобил, се случи пред точно 25 години поради што поголем дел од Европа беше загаден со радиоактивни честички. Уништениот реактор беше покриен со бетонска покривка, која во меѓувреме напукнала. Од 2010 година започна изградбата на новиот саркофаг, што ќе биде висок 108 метри, тежок 20 илјади тони и се очекува да биде завршен до 2015 година.

Најголем мобилен објект

Работите на гигантскиот проект се одвиваат потешко отколку што се очекуваше. Првобитно беше планирано новиот мобилен саркофаг да биде поставен до 2007 година, но неизвесен е и рокот за 2015 година. Експертот на Гринпис Хајнц Смитал истакнува:

Verlassene Wohnblocks in Pripyat
Фотографија: DW/K.Percy

„Невозможно е градењето директно над блокот на реакторот, зашто зрачењето е се‘ уште премногу силно. Затоа се гради нешто подалеку, на шини. Тоа е најголемиот мобилен објект кој е некогаш изграден, 29 тони челик, а тој потоа треба да биде поместен и поставен над реакторот.“

Трошоците на градбата се проценуваат на милијарда и 600 милиони евра. Реакторот и натаму претставува голема опасност. При експлозијата беше ослободено само пет проценти од горивото, што значи дека 95 проценти и натаму се внатре.

Автор: ЖА/СН/макфакс/дпа/дв

Редактор: Горан Чутаноски