1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папуљас му пиша на Иванов

Александар Методијев/миа/макфакс12 април 2012

Грција останува посветена во разговорите за името во рамки на ОН со цел изнаоѓање на фер и одржливо решение, забележува грчкиот претседател Каролос Папуљас во писмото испратено до неговиот македонски колега Ѓорге Иванов.

https://p.dw.com/p/14cA0
Фотографија: picture-alliance/dpa

Писмото е благодарност на Папуљас за честитката на Иванов по повод Националниот ден на Грција. „Ваша Екселенцијо, би сакал да ја изразам својата искрена благодарност за честитката упатена по повод Националниот ден на Грција, како и за Вашите желби упатени до грчкиот народ“, стои во писмото од Папуљас до Иванов.

„Грција останува целосно посветена на изнаоѓањето фер и одржливо решение за прашањето за името преку преговорите под покровителство на ОН. Конечното решавање на ова прашање ќе ни овозможи да го искористиме големиот потенцијал на нашите билатерални односи и ќе придонесе значително во консолидирањето на безбедноста, стабилноста, добрососедските односи и развојот на нашиот регион, особено преку европската перспектива на Западен Балкан“, му пишува Папуљас на Иванов, завршувајќи го писмото со следниве зборови: „Ве молам, примете ги, Ваша Екселенцијо, изразите на моето највисоко почитување“.