1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата Франциско пристигна во Јужна Кореја

Александар Методијев/дв/миа14 август 2014

Со пристигнувањето на папата Франциско во Јужна Кореа се означи првата посета на некој папа на земјата во последните 25 години.

https://p.dw.com/p/1CuXL
Фотографија: Reuters

За време на петте дена од посетата папата ќе посети младински католички фестивал и ќе се сретне со некои од петте милиони христијани во Јужна Кореја. Папата Франциско ќе отслужи миса за мир на поделениот Корејски Полуостров и ќе се сретне со семејствата на загинатите во несреќата на јужнокорејскиот ферибот во април годинава.

На пат кон Јужна Кореја авионот на папата Франциско леташе над Кина, а тој испрати и телеграма со која ги поздравува кинескиот претседател Си Џинпинг и кинескиот народ. Кинеската комунистичка влада не им дозволува на католиците да го признаат неговиот авторитет. Сепак, фактот дека беше дозволено неговиот авион да мине низ кинескиот воздушен простор се гледа како позитивен чекор кон подобрување на односите меѓу Ватикан и Пекинг.

Неговиот авион слета во воена база во јужнокорејскиот главен град Сеул. Папата на пистата беше пречекан од претседателот Парк Гун-хје. Се очекува за време на посетата папата да повика на релаксирање на тензиите со Северна Кореја.