1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата Франциско во посета на Јад Вашем

АТ/ кна/дпа/епд26 мај 2014

На последниот ден од турнејата по Блискиот Исток папата Франциско беше во посета на споменикот за жртвите од Холокаустот Јад Вашем во Ерусалим. Холокаустот е „неизмерна трагедија“ смета Папата.

https://p.dw.com/p/1C70q
Фотографија: Reuters

При неговата посета на споменикот за жртвите од Холокаустот Јад Вашем во Ерусалим папата Франциско се молеше за жртвите од Холокаустот. Во неговиот краток говор тој го нарече Холокаустот „неизмерна трагедија“. „Можеби ниту таткото (Господ) не би можел да си замисли еден ваков случај, една ваква бездна“, рече поглаварот на католиците. „Никогаш повторно Господе, никогаш повторно“, извика тој.

Почит за жртвите од Холокаустот

Папата Франциско потсети на тоа, каков хорор направиле луѓе, кои се чувствувале повикано да одлучуваат за добро и за лошо. Простувањето од Господ затоа било неопходно за спас на луѓето. „Дај ни милост, да се засрамиме за тоа, на што сме способни да сториме како луѓе“, се молеше Папата.

Кратко претходно папата Франциско разговараше со повеќе преживеани од Холокаустот. Папата беше придружува од израелскиот претседател Шимон Перес, премиерот Бенјамин Нетанјаху и поранешниот главен рабин на Израел Меир Лау, кој како дете го преживеал Холокаустот. Во халата на споменот Франциско го запали вечниот оган.

Дијалог на светските религии

Пред неговата посета во Јад Вашем папата го посети и Ѕидот на плачот, најсветото место на еврејството. Според еврејскиот обичај тој во пукнатина на Ѕидот стави ливче со молитва, на која рачно ја напиша „Оче наш“.

На Ридот на храмовите тој се средна со муфтијата од Ерусалим, Мохамед Хусеин. На средбата Папата рече дека заедничка задача на Хриситијаните и Муслиманите била реализирање на „мир и праведност“. Тој повторно предупреди од злоупотреба на религијата: „Да научиме да ја разбереме болката на другиот!“ рече Папата и предупреди името на Господ да не се користи како оправдување за насилство.

По советувањата со Перес и Нетанјаху, Папата повторно ќе се сретне со Цариградскиот патријарх Вартоломеј Први, а со католичките свештеници во Светата земја ќе одржи миса на крајот на тридневната турнеја.