1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Панета: Блиску е поразот на Ал Каида

10 јули 2011

Новиот министер за одбрана на САД, Леон Панета при својата прва посета на Авганистан изјави дека верува оти наскоро ќе дојде до стратешки пораз на Ал Каеда.

https://p.dw.com/p/11sRR
Леон ПанетаФотографија: AP

Според министерот за одбрана на САД, Леон Панета, Ал Каеда ќе биде поразена кога САД ќе ги заробат или убијат преостанатите 20 лидери на Ал Каеда и нејзините подружници.

Панета, кој на чело на министерството за одбрана на САД застана на 1. јули, рече дека по убиството на Бин Ладен, сега е вистинското време да се интензивираат напорите во прогонот на лидерските структури на Ал Каеда. Инаку Панета не сакаше да ги открие имињата на челниците на терористичката организација по кои трагаат САД, само назначи две имиња, Анвар ал Авлаки, американски имам кој е лидер на Ал Каеда во Јемен и Ајман ал-Завахри, човекот кој го наследи Осама Бин Ладен.

Автор: АТ/ макфакс

Редактор: Горан Чутаноски