Пакистанскиот премиер осуден за непочитување на судството
26 април 2012Реклама
Врховниот суд на Пакистан го прогласи за виновен премиерот Јусуф Раза Гилани. На премиерот му се префрлува дека ги прекршил барањата на судот.
Пред повеќе од две години судиите побараа од владата на Гилани да испрати официјално барање до швајцарските власти за повторно отворање на процесот за перње пари против пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари. Гилани го одби барањето, бидејќи според мислењето на владата Претседателот има имунитет.
Пресудата во прва линија е симболичен чин. Сепак може да претставува проблем за премиерот, бидејќи е казнет. Имено, според пакистанскиот устав, лица кои се осудени не смеат повеќе да извршуваат јавна функција. Во наредните недели или месеци може да се случи да биде разрешен од функцијата.