1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакистан: Ослободен поранешниот втор човек на авганистанските талибанци

СН/ЕМФ/афп/миа/дпа21 септември 2013

Пакистанското министерство за надворешни работи соопшти дека со ослободувањето на високиот претставник на авганистанските талибанци Абдул Гани Барадар треба да се олесни процесот на помирување во Авганистан.

https://p.dw.com/p/19lWc
Фотографија: Aref Karimi/AFP/Getty Images

Пакистан денеска (21.09) го ослободи Абдул Гани Барадар, кој на времето бил најблискиот соработник на лидерот на авганистанските талибански бунтовници Мула Омар, изјави портпарол на пакистанското министерство за внатрешни работи.

Според Исламабад, ослободувањето на Барадар, кој е уапсен во 2010 година, има за цел „да го олесни процесот на помирување во Авганистан“, со кој треба да му биде ставен крај на 12-годишниот конфликт меѓу владата во Кабул, поддржана од НАТО, и талибанските бунтовници. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, кој се залага за нови мировни разговори со талибанците, веќе подолго време барал од Пакистан да го ослободи Барадар. Се верува дека пред неговото апсење во 2010 година, авганистанската влада повеќе месеци преговарала со Барадар.

Странските набљудувачи, меѓутоа, се скептични кога станува збор за капацитетите на Мула Барадар да влијае врз талибанското движење да го прифати мировниот процес во Авганистан.

Од 2012 година Пакистан, кој исто така се соочува со силно талибанско бунтовничко движење, покажа подготвеност да го поддржи мировниот процес во Авганистан. Исламабад досега пушти на слобода 26 поранешни команданти на авганистанските талибанци.