1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакистан моли за помош

15 август 2010

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун денеска (15.08.2010) пристигна во Пакистан за на лице место да стекне слика за состојбата со катастрофалните поплави. Тој упати апел до меѓународната заедница да ја забрза помошта.

https://p.dw.com/p/Oo21
Фотографија: AP

„Светот решително стои зад Пакистан“, увери генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун по пристигнувањето во пакистанскиот главен град Исламабад. Тој истакна дека ќе вложи големи напори околу помошта за оние кои страдаат од поплавите. „Ја повикувам меѓународната заедница да го забрза испраќањето помош за пакистанското население“, рече Бан.

Бан по средбите со претседателот на Пакистан, Асиф Али Зардари и премиерот Јусуф Раза Гилани, тргна во посета на поплавените подрачја.

Германија ја зголеми помошта за пет милиони

Според податоците на пакистанските власти, секој осми жител на земјата е погоден од катастрофалните поплави. Тоа се најмалку 20 милиони луѓе, изјави вчера премиерот Гилани, дополнувајќи дека водената стихија уништила многу полиња со жито и други прехранбени производи. Според податоците на ОН во поплавите на северозападот на Пакистан загинале најмалку 1600 лица. Вкупно шест милиони за преживување се зависни од хуманитарната помош.

Pakistan Flut Hochwasser Überschwemmung Seuchengefahr
Погодени од поплавите се околу 20 милиони луѓеФотографија: AP

Гилани во таа насока упати драматичен апел со меѓународната заедница за итна помош за справување со големата несреќа.

Германската влада реагираше веднаш, зголемувајќи ја итната помош за жртвите од катастрофалните поплави во Пакистан од 10 на 15 милиони.

САД: Ширењето на колерата може да се контролира

Министерството за надворешни работи во Берлин соопшти дека помошта пред се’ содржи медицински средства, прехранбени производи и вода за пиење.

Pakistan Überschwemmung
Помошта стигнува бавно и недоволноФотографија: AP

Најголемиот дел од жртвите од поплавите немаат чиста вода за пиење и нормални санитарни услови, што пак е причина за појава на заразни болести. ОН вчера го потврдија првиот случај на колера во поплавените подрачја, со што пораснаа стравувањата дека бројот на жртви од катастрофата може драматично да се зголеми. Денеска меѓутоа САД искажаа увереност дека може да се спречи ширењето на болеста во поплавените подрачја.

„Добро е што се знае каде е регистриран првиот потврден случај на колера и со брза насочена акција сметам дека можеме да ја контролираме ситуацијата“, изјави координаторот на американската помош за катастрофи, Марк Вард.

Автор: СН/ЖА/ртрд/ афпд/дпа

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема