Пакистан и Авганистан заедно против тероризмот
13 август 2007Реклама
Пакистанскиот претседател Первез Мушараф во своето обраќање на затворањето на Џирга, традиционалниот собир на племенските лидери, ја нагласи потребата од соработка со властите во Кабул за елиминирање на талибанските бунтовници и припадниците на Ал Каеда кои се закана за двете земји. На Собирот, покрај племеснките лидери беа присутни и официјални претставници на властите на двете земји. Племенскиот совет се согласи дека борбата против тероризџмот, иницирана од САД треба да биде интегрален дел од безбедносната стратегија на двете земји. Во меѓувреме агенциите јавуваат за најмалку девет загинати талибански бумнтовници во судирите со авганистанските сили за безбедност во регионот на Канфахар