Падот на Берлинскиот ѕид - радост и опомена
9 ноември 2013Со повеќе манифестации денеска Берлин се сеќава на паѓањето на Ѕидот кој го делеше градот до 9. ноември 1989. година, како и на жртвите кои паднаа на внатре-германската граница.
Кај споменикот на Ѕидот на Бернауерштрасе во присуство на градоначалникот Клаус Воверајт ќе биде истакнато пред сѐ значењето на падот на Берлинскиот ѕид во меѓународни рамки.
„Паѓањето на Ѕидот во 1989. година до денес не‘ опоменува, колку е висока вредноста на слободата“, рече Воверајт во пресрет на 9. ноември. „Берлинчаните до денес со радост се сеќаваат на падот на Ѕидот. Нашиот град на овој ден повторно почна да сраснува“. Воверајт притоа потсети дека и покрај ваквиот позитивен развој не смеат да се заборават луѓето кои се разболеа или го загубија животот поради Ѕидот.
Членот на политибирото на Единствената социјалистичка партија Гинтер Шабовски на тој ден на прес-конфренција речиси попатно го објави отворањето на границите на ГДР.