Падна владата на Федерацијата БиХ
13 февруари 2013Иницијативата за изгласување недоверба на владата на Федерацијата БиХ ја покренаа Социјалдемократската партија на БиХ на премиерот на Федерацијата, Нермин Никшиќ, Сојузот за подобра иднина, Хрватската демократска заедница на БиХ и ХДЗ 1990.
Тие бараа гласање тврдејќи дека владата на Федерацијата БиХ „не го одразува актуелното мнозинство во парламентот“.
Нермин Никшиќ изјави дека моменталниот состав на владата што ја предводи тој не одговара на составот на парламентарно мнозинство во парламентот на Федерацијата БиХ, па владата нема капацитет за носење важни одлуки. Никшиќ изрази очекување дека претседателот на федерацијата БиХ Живко Будимир ќе постапи според заклучокот на Претставничкиот дом на парламентот на Федерацијата БиХ и дека што поскоро ќе покрене процедура за именување нова влада.