1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Охрид се подготвува за форум на НАТО

Милчо Јовановски16 март 2007

На 28 и 29 јуни Македонија ќе биде домаќин на безбедносниот форум на НАТО. Ќе се оддржи во Охрид, подготовките се во тек. Вчера во Охрид беше потпишан меморандум во кој беа утвредни организационите обврски на Македонија. Тимот на НАТО, инаку е задоволен од преземените чекори и амбиентот што ќе им го понуди на гостите.

https://p.dw.com/p/AdYp
Охрид
ОхридФотографија: picture-alliance/ dpa

Македонските политичари се согласни дека најавениот безбедносен форум на НАТО закажан за јуни во Охрид е најголемата средба од која се очекува да ја приближи земјата кон членството во Алијансата. Од друга страната и за НАТО ова е најголемиот собир меѓу самитот во Рига и наредниот во Букурешт или Лисабон во пролетта наредната година. Шефот на македонската дипломанитја Антон Милошоски вели дека форумот на НАТО Македонија ќе ја направи центар на Европа и повеќе од тоа. Ќе сториме се за да се покажеме како достојна земја, партнер на Алијансата „ Македонија има шанса крајот на јуни веќе, со добра организација и овозможување на овој форум да го направи последниот успешен исчекор кон конечното добивање на поканата за членство.“

На охридскиот форум ќе се дискутира за процесот за демократска обнова на Аванистан, за регионалните предизвици, за Косово и за енергијата во контекст на безбедноста и геополитиката. Во Охрид се очекува да допатуваат повеќе од 60 значајни гости, на чело со генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер. Македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски, вели дека форумот е поширока форма и од самитите на Алијансата „Самитот обично заседава со земјитие членки. Овдека имаме плус уште 20 држави од земјите партнери на Алијансата, значи од Блискиот исток, од Централна Азија од Црноморското и Кавкаското подрачје. Значи сите партнери на Алијансата ќе бидат во Охрид и можам да кажам дека ова е нависитиан голем тест за државата.“

Моморандумот за финална соработка го потпишаа министерот без ресор и координаторот на средбата Аднан Чахил и секретарот на Северно алтлантскиот совет Бернард Гетце. Македонското министерство за внатрешни работи е одговорно за безбедноста на учесниците. Тие два дена во Охрид ќе има околу 5.000 полицајци од кои 3.000 ќе бидат во униформа. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вели „Ние ќе го вложиме целиот наш капацитет, настанот да помине во безпрекорен ред.

Целата операција е во координација со НАТО, околу и во салите каде што ќе се одржува форумот ќе има три степени на безбеност. Од охридскиот аеродром до хотелите се ќе биде снимано од безбесносни камери. Охрид тие денови ќе живее во сосема друг режим. Под контрола ќе биде и храната во рестораните каде ќе бидат сместени високите гости но и бројните новинарски екипи.