Охрид добар домаќин на Светската меѓурелигиска конференција
29 октомври 2007Реклама
Светската конференција за меѓурелигиски дијалог во Охрид беше долго време подготвувана од страна на владата, верските заедници од Македонија но и од неколкуте организатори. Тие се погрижија гостите удобно да бидат сместени, се погрижија и за обезбедувањето на пример, но и за тоа гостите да бидат задоволни и со храната. Се готвеше посебно за сите, за евреите, муслиманите, будистите, католиците и православните.
Настанот го следеа околу сто новинари од Македонија и Балканот, кои од своја страна оценија дека условите за работа биле изворедни и организаторот им излегувал в пресрет за решавање на проблемите.