1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Откриен организаторот на убиството на двајца ДВ соработници во Авганистан

21 август 2007

На вчерашната прес-конференција во Кабул, портпаролот на авганистанската влада извести и за апсењето на организаторот на убиството на двајцата новинари на ДВ, Карен Фишер и Кристијан Штруве.

https://p.dw.com/p/BWMi
Карен Фишер за време на еден престој во АвганистанФотографија: DW

Наспроти најновите случаи на грабнување и загрозување на безбедноста на германските хуманитарци во Авганистан, најголемиот број невладини организации имаат намера да го продолжат ангажманот во оваа земја. Некои од нив меѓутоа најавија поострени мерки за безбедност. Така германската секција на Каритас интернешенал најави дека нејзините соработници во Авганистан можат подолго да престојуваат само во бирото во кое работат или во станот.

На вчерашната прес-конференција во Кабул, на која беше објавена информацијата за ослободување на Кристина Мајер од организацијата “Ора“ , портпаролот на авганистанската влада извести и за апсењето на организаторот на убиството на двајцата новинари на ДВ, Карен Фишер и Кристијан Штруве. Естер Бродерс подготви извештај со деталите.

Портпаролот на авганистанската влада Семараи Башари на прес-конференцијата во Кабул соопшти:

О-тон

“Пред неколку месеци двајца германски новинари беа убиени во регионот Тала-ва Барфак. Специјалната единица за броба против тероризмот уште тогаш ја започна истрагата и минатата недела успеа да го уапси организаторот на убиството. Тој е шеф на една банда, што е одговорна за убиството. Во моментов продолжува истрагата со цел да се уапсат и други членови на бандата.“

Според Башари за сега уште не се знае идентитетот на организаторот на убиството на двајцата новинари на ДВ, ниту пак мотивите за делото.

О-тон 2

“Зошто бандата го извршила овој злостор се‘ уште не знаеме. Уапсеното лице се наоѓа во рацете на авганистанската полиција во Кабул и истрагата продолжува.“

Карен Фишер и Кристијан Штруве беа застрелани на 6. октомври минатата година во покраината Баглан. Тие преноќувале во шатор во близината на едно село. Во моментот на загинувањето не биле на извршување на професионална задача, но претходно со години двајцата беа ангажирани во Авганистан. Карен Фишер во повеќе наврати известуваше за германската програма на Дојче Веле за важни настани како одржувањето на Племенската скупштина Лоја Ѓирга во 2003-та или изборите за парламентот во 2005-та. Кристијан Штруве пак подолг период помагаше во создавањето на редакцијата за вести при државната радио-телевизиска станица на Авганистан.