1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отворени само мал број избирачки места во источна Украина

ЕМФ/дпа25 мај 2014

Засенети од крвавото насилство во источниот дел на земјата, во Украина денеска (25.05) се одржуваат избори за нов претседател. Во источна Украина се отворени само мал број избирачки места.

https://p.dw.com/p/1C6QM
Фотографија: Reuters

Околу 35 милиони луѓе со право на глас денеска во Украина се повикани да излезат на гласање за нов претседател на земјата. Како кандидат со најголеми шанси за победа важи олигархот Петро Порошенко. Избирачките места се затвораат во 19 часот по средноевропско време. Доколку ниту еден од кандидатите не добие апсолутно мнозинство гласови, ќе биде неопходен втор круг избори, кој најверојатно ќе се одржи на 15 јуни.

Прозападното ракоvодство на Украина, ЕУ и САД се надеваат дека изборите ќе придонесат за стабилизирање на ситуацијата во Украина. Сепак, избори во најголемиот дел од источна Украина не се можни, поради тоа што во тој на земјата ситуацијата е под контрола на проруските сепаратисти. Во милионскиот град Доњецк по повеќе од два часа од отворањето на избирачките места не беше отворено ниту едно избирачко место. Во регионот на Доњецк, пак, во кој има 2430 избирачки места, според нецелосни информации, се гласа во 426 места. Локалните медиуми известуваат за одделни напади на избирачки места, како во градот Докучајевск. Во соседниот регион Луганск ќе се гласа најверојатно само во две од 12 изборни единици, соопшти една невладина организација.

Ukraine Wahlen
Јулија Тимошенко, која е најсериозен противник на Порошенко на изборите, го даде својот глас во ДњепропетровскФотографија: Reuters