Во центарот на Берлин, на островчето меѓу реката Шпре и еден нејзин разгранок, се наоѓаат пет музеи. Стариот музеј, Новиот музеј, Старата национална галерија, музејот Пергамон и музејот Боде. Секоја година ги посетуваат околу три милиони туристи. целиот комплекс од 1999 година е дел од листата на светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО.