Ослободување на германската заложничка во Авганистан
20 август 2007Во синоќешната операција на авганистанските сили за безбедност уапсени се повеќемина грабнувачи. Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер уште вчера вечер им се заблагодари на авганистанските власти за добрата соработка.
“Мојата благодарност е насочена кон кризниот штаб на германската амбасада во Кабул. Посебно сакам да им се заблагодарам меѓутоа на авганистанската влада и органите за безбедност, со кои соработувавме тесно и доверливо, што беше крунисано со успех“ - порача синоќа шефот на германската дипломатија Франк Влатер Штајнмајер.
Главниот иследник на полицијата во главниот град Кабул, Алишах Пактиавал, синоќа изјави дека 31-годишната Германка Кристина М. е на слобода, но дека операцијата на авганистанските сили за безбедност се‘ уште е во тек. Таа беше грабната во саботата на падне во Кабул додека била на ручек со нејзиниот сопруг во еден ресторан за брза храна. Две маскирани и вооружени лица на брзина влегле во ресторанот и ја однеле во непознат правец. Брзата акција на полицијата и гонењето на киднаперите не донесе веднаш плод, но затоа тајните служби на Авганистан брзо им влегле во трагата на грабнувачите. Околу нивната ориентација и намери за сега нема подетални информации, освен видео пораката што беше емитувана вчера, во која се појавува и еден од грабнувачите и тврди дека нема врска со Талибанците. Неговата организација наводно барала ослободување на недолжни затвореници од авганистанските затвори.
Вчера дојде знак на живот и о д гранатиот германски инжењер во Авганистан. 62-годишниот Рудолф Б. во телефонскиот разговор со репортерите на германската ТВ во Кабул се пожалил дека здравствената состојба повторно му се влошила и прашал зошто властите не ги исплатат баераните пари за негово ослободување. Тој посебно инсистирал германската амбасада во Кабул да се ангажира поинтензивно за да биде пуштен на слобода.