50-годишниот Насер Ориќ, кого муслиманите го слават како воен херој, обвинението го товареше за убиство на тројца српски војници за време на српската опсада на Сребреница, град со претежно муслиманско население. Во тоа време Ориќ бил командант на одбранбените муслимански единици во Сребреница. Во јули 1995. година градот беше освоен од Србите, при што тие убија околу 8.000 луѓе.