Ослободен германскиот репортер во Авганистан
25 јули 2007Реклама
Германскиот репортер кој беше киднапиран во Авганистан, е ослободен. Веста ја потврди гувернерот на провинцијата Кунар според кого Кристоф Ројтер од магазинот Штерн и неговиот преведувач се на безбедно. Германската влада сеуште преговара за ослободување на германскиот градежен инжинер кој минатата недела беше киднапиран заедно со уште еден негов колега , кој подоцна беше пронајден мртов во Авганистан. Талибанските милитанти во меѓувреме соопштија дека убиле еден од 23 киднапирани кореанци. Преставник на групата во телефонски разговор за агенцијата Ројтерс изјавил дека убиството е предупредување до властите во Кабул кои не одговориле на барањата за ослободување на талибански затвореници.