1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опасно босанско танго: Ислам и национализам

Марина Максимовиќ/ Жана Ацеска 8 март 2013

Директорот на МКГ за Балкан, Марко Прелец зборува за последниот извештај на МКГ под наслов„Опасно босанско танго: Ислам и национализам“. Тој укажува на опасниот спој на бошњачкиот и државниот идентитет.

https://p.dw.com/p/17tMv
Фотографија: Samir Huseinovic

Констатирајќи дека бошњачката заедница во БиХ е длабоко фрустрирана, како поради дисфункционалност на државната управа, така и поради проблемите со уставот, лошата економска ситуација, но и доведувањето во прашање на територијалниот интегритет на земјата од страна на Србите и Хрватите, во Меѓународната кризна група (МКГ) оценуваат дека исламската заедница во БиХ ја презела од бошњачките политички партии водечката улога во „канализација на бесот на народот“.

Политичкиот ислам во БиХ се смета за новост и закана за секуларните партии и немуслиманите. Тој, според зборовите на директоорт на МКГ за Балкан, Марко Прелец, се манифестира на два начин, низ салафистичките здруженија и позначајно, низ политичкото делување на самата заедница и поединците во неа. Марко Прелец овде ја издвојува активноста на харизматичниот и се‘уште влијателен бивш водач, Реис Мустафа Цериќ.

„Реис Цериќ имаше улога во формирањето на националната идеологија на Бошњаците, посебно во спојувањето на идејата на бошњачкиот национален и државниот идентитет на БиХ. Тоа се оценува како ’најопасен јазол’ во ова прашање. Доколку превлада мислењето дека БиХ е еднонационална држава на бошњачкиот народ, тоа е нешто што е тешко помирливо со концептот на БиХ што може да привлече поддршка и лојалност на небошњачкиот народ“, вели Прелец за Дојче веле.

МКГ: Опасен босански танго

Во својот последен извештај за БиХ, под наслов „Опасен босански танго: Ислам и национализам“, МКГ предупредува на нестабилноста и насилството кое може да произлезе од судрените национализми во БиХ. Наведувајќи дека малите салафистички заедници во овој момент не претставуваат „значаен сигурносен ризик за БиХ“, Прелец оценува дека поверојатно е зголемување на тензиите поради користење на бошњачкиот национализам од страна на исламската заедница, делумно како одговор на провокациите на српските и хрватските националисти.

Прелец го наведува примерот на Мостар, каде исламската заедница „заговара тврда линија“, обидувајќи се да ги обедини Бошњаците во политичките борби со хрватските партии. Оценувајќи дека моментно исламската заедница во БиХ со изборот на нов реис, Хусеин Кавазовиќ, влегла во фаза на транзиција, МКГ повикува на деполитизација и внатрешна реконструкција. Од исламската заедница се бара поддршка во создавањето визија за БиХ со која би се сложиле и Србите и Хрватите, вели директорот на Меѓународната кризна група, Марко Прелец.

Mustafa Ceric und Husein Kavazovic
Сегашниот и бившиот реис: Хусеин Кавазовиќ и Мустафа ЦериќФотографија: DW

Тој притоа нагласува:

„Важно е да почне разговор од страна на државата околу тоа што е всушност БиХ, чија е таа, дали е заедничка држава и како може да се спои бошњачката и националната идеологија со сликата за БиХ, која е прифатлива и за Хрватите и Србите“.

Со цел да се избегне ескалација на националистичките конфликти, директоорт на МКГ за Балкан, Марко Прелец,порачува дека сите религиски заедници во БиХ би требало да се повлечат од заземањето еднострани позиции во политичката арена, као и да се посветат на меѓуверскиот дијалог во потрага по заедничка основа и обликување на заедничката визија на БиХ како сопственост на сите три главни заедници.