1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Олимпијадата ја сакаат и Хамбург и Берлин

Јоахим Паскал / ЕМФ11 март 2015

Воздржана воодушевеност - 55 проценти од жителите на Берлин велат „да“ за кандидирање на градот за Олимписките игри 2024. Расположението во Хамбург е поголемо, но тоа не значи и добивање препорака.

https://p.dw.com/p/1EoWI

Тестот на расположението е со позитивен резултат: „да“ за Олимписките игри велат и жителите на Хамбург и на Берлин. Хамбург притоа води со 64%. Резултатот меѓутоа не е и одлука. Претседателот на Германскиот олимписки спортски сојуз, Алфонс Херман, изјави:

„На тоа гледаме како на резултат на интензивниот дијалог во двата града и на безбројните разговори околу проектот Олимпија.“

И Берлин направи обид со кампања да ги убеди граѓаните. Добиена е довербата на 55% од жителите, 9% помалку од Хамбург, но сепак - јасно мнозинство. Со тоа и Берлин останува во трка. На крајот одлучува вкупниот концепт.

„На град како Берлин вакво нешто му е потребно, како нанадвор, така и за самоопределбата на градот“, вели еден жител на Берлин, а негова сограѓанка оценува: „Мислам дека на на Берлин му е потребен ваков ’хајлајт’. Ние сме главен град и такво нешто е многу пријатно.“

Берлин веќе има Олимписки стадион - Игрите во 1936 година беа пропагандна манифестација на националсоцијалистите.

Иако расположението за Олимпијада во Хамбург е поголемо, Берлин важи за мал фаворит. Главниот град е интернационална марка. Во него се одржуваат редовно големи спортски настани. Тоа би можело да биде пресудно за препораката што во понеделник ќе ја даде Германскиот олимписки спортски сојуз.

Кој ќе добие препорака за кандидатура за ОИ?