1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Олимпијада шести ден

20 август 2004

Четвртиот златен медал и двапати бронза беше пленот на германските спортисти на вчерашниот шести ден од олимпсиките игри во Атина. Во вкупниот број освоени медали САД го презедоа водството од Кина:

https://p.dw.com/p/AemP
Претседателот на МОК Жак Рог е задоволен од текот на олимпијадата во Атина
Претседателот на МОК Жак Рог е задоволен од текот на олимпијадата во АтинаФотографија: AP

Манфред Курцер го освои првиот златен медал во стрелање по осум години во конкуренција на подвижни мети. Првиот поединечен медал во пливање успеа да го освои Ане Полеска на трката 200 метри градно, додека бронзен медал освои и џудистот Михаел Јурак:

“Разочаран? Секако, кога ќе си помислам дека само уште една борба и ќе бев во финалето. Сепак, многу сум задоволен од третото место“.

Непоразен останува германскиот тим во хокеј по победата над Египет од 6 спрема 1. Тенисерите Николас Кифер и Рајнер Шутлер се пласираа во финалето на двојки и ќе играат за златото:

“Прекрасно е чувството да се има медал околу вратот. Засега е сребрен, но сигурно се надевам на злато“, изјави Кифер, додека неговиот партнер Шутлер вели:

“Првпат, верувам кај обајцата, се остварува сон од детството

да се добие медал на Олимпијада. Засега е сребрен, но во финалето ќе направиме се да биде златен“.

Во натпреварите во одбојка на плажа сите германски двојки стигнаа до следната рунда, додека во ватерполо Германија загуби од Италија со 10 спрема 5. Во вкупниот број освоени медали сега водат

САД со 14 злата, пред Кина и Јапонија.

Иако голем број места за публиката остануваат празни, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Жак Рог е задоволен од досегашниот тек на игрите:

“Јас сум сосема задоволен. Се се одвива многу добро. Трибините се минато, Грците доаѓаат на стадионите, а и допинг случаите се минато. Игрите се многу силни“.