1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Олимпијада трет ден

17 август 2004

На третиот ден од олимписките игри германската репрезентација го освои првиот златен медал. Џудистката Ивон Бениш победи во финалето до 57 килограми. На пливачките нартпревари Австралиецот Јан Торп триумфираше во трката на гигантите на 200 метри слободно.

https://p.dw.com/p/AemV
Првото злато за Германија: Ивон Бениш
Првото злато за Германија: Ивон Бениш

Веднаш по победата и освоениот златен медал Ивон Бениш изјави:

“За мене лично тоа е најголемото што може да му се случи на еден спортист. Сега е вистина, но ќе сфатам можеби утре што значи тоа за мене. Сега едноставно не можам да најдам зборови“.

Вчера во германското салдо е запишан и еден сребрен медал: Андреас Велс и Тобијас Шеленберг во синхрони скокови од штица од три метри. Шеленберг за текот на натпреварите:

“Знаев дека ни треба само уште еден одличен скок за успех и за среќа ни успеа“.

Неговиот партнер Велс:

“Долго чекавме и денес беше токму тој ден кога постигнавме успех“.

На пливачките натпревари во фокусот беше трката на 200 метри слободно мажи во која се случи таканаречениот “судир на гигантите“. Победи Австралиецот Јан Торп, пред Холанѓанецот Питер ван ден Хогебрант и Американецот Мајкл Фелпс со што заврши и неговиот сон за седум златни медали. Во финалните трки пливачите на 100 метри грбно Антје Бушулте, како и Штефен Дрисен и Марко ди Карли не успеаја да стигнат до медал, подеднакво како Сара Певе на 100 метри градно. Франциска фон Алмсцик се пласираше во финалето на 200 метри слободно. Германските ракометари пак, го совладаа Египет убедливо со 26 спрема 12.