1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Олимпијада – ден втори

16 август 2004

На вториот ден на 28-те Олимписки игри во Атина очекувани резултатите, но и две сензации што ги приредија пливачите на Јужна Африка и кошаркарите на Порторико. Германија денот го заврши со еден сребрен медал:

https://p.dw.com/p/AemZ
Засега без многу публика
Засега без многу публикаФотографија: AP

Германската велосипедистка Јудит Арнт го освои вториот медал за Германија. Во женската трка по атинските улици 28-годишната Арнт од Лајпциг го освои среброто зад Австралијанката Сара Кариган. Една од надежите за медал не се оствари: петкратната светска првенка во пливање Хана Штокбауер на 400 метри слободно не стигна ниту до финалето. Најголемото изненадување го приредија пливачите на Јужна Африка во штафетната трка 4-пати по 100 метри слободно со нов светски рекорд од 3 минути, 13 секунди и 36 стотинки, скоро половина секунда подобро од стариот рекорд. Холандија беше втора, а штафетата на САД го освои бронзениот медал, додека Германија беше последна – осма. Убедлива игра прикажа германската репрезентација во хокеј со победата над одличните Пакистанци со 2 спрема 1. На тенискиот турнир, Томи Хас и Николас Кифер се пласираа во наредната рунда.

Германскиот претседател Хорст Келер кој со внимание следеше повеќе настапи на олимпијците на неговата земја предупреди пред преголемиот притисок врз германските учесници на олимпијадата:

“Не смееме нашите спортисти да ги ставаме под дополнителен притисок, кога секој половина час ги прашуваат: што сега – добиен или загубен медал? Веќе учеството овде е големо призанине и потврда за постигнатото“.

Уште едно големо изненадување е тешкиот пораз на американските кошаркари кои важеа за главен фаворит за златниот медал. Таканаречениот дрим тим загуби во натпреварот против Порторико: 92 спрема 73. Инаку, досега најмногу медали освои Кина: пет златни, два сребрени и еден бронзен медал, следена од Австралија и Јапонија. Германија засега е петнаесетта со еден сребрен и еден бронзен медал.