Олимпискиот факел и во рацете на Бан Ки Мун
25 јули 2012Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ден пред отворањето на Летните олимписки игри ќе го носи олимпискиот оган низ Лондон. Во присуство на претседателот на меѓународниот олимписки комитет Жаг Рог, Бан утре ќе го носи факелтот пред лондонската катедрала Вестминстер Аби, соопшти заменикот портпарол на ОН Едуардо дел Буеј. „Тоа е чест за генералниот секретар“, изјави тој и дополни дека Бан „цврсто верува во значењето на спортот за развојот и мирот.“
Летните олимписки игри ќе бидат свечено отворени в петок во Лондон. На манифестацијата е најавено учество на легенди како Пол Макартни. Организациониот комитет меѓутоа се’уште држи во тајност дали на свеченоста ќе учествува и кралицата Елизабета Втора и кој ќе биде последниот носител на факелот.