1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Опомена за учесниците на Олимписките игри

26 јули 2021

По прегратките и прекршувањето на правилата за носење маска на церемонијата на доделување медали на Олимписките игри во Токио, организаторите ги опоменаа учесниците

https://p.dw.com/p/3y2nn
Tokio 2020 | Taekwondo | Schield "Maske anziehen!"
Фотографија: Valery Sharifulin/dpa/TASS/picture alliance

„Го молиме и опоменуваме секого да ги почитува правилата, кој и да е тоа“, изјави Марк Адамс, портпарол на Меѓународниот олимписки комитет.

По штафетната трка во пливање слободен стил 4x100 метри, членките на австралискиот тим, како и на тимот од Канада и од САД не носеа маски на подиумот и се прегрнуваа. Слични сцени имаше и на доделувањето медали по трката на 400 метри кај мажите. „Ова не е пријателска молба, туку е обврска, како за спортот, така и за сите учесници“, изјави Адамс, додавајќи: „Ја разбираме радосната возбуда и сочувствуваме со атлетите, но, за жал, мора да ги заостриме правилата.“

Поради пандемијата на коронавирусот во Токио по четврти пат е прогласена ургентна состојба, па на Олимпијадата нема гледачи. Организаторите вчера објавија дека од први јули досега, поврзано со Олимписките игри, има 132 новоинфицирани лица, од кои 13 спортисти.