1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Од утре полициски час од 21 часот

ДТЗ
27 април 2021

Исклучок од забраната за движење ќе има за Велигден на 1 кон 2 мај, како и меѓу 13 и 14 мај, за верскиот празник Рамазан Бајрам.

https://p.dw.com/p/3se3V
Nord-Mazedonien Skopje | Coronakrise: Gastronomie muss wieder schließen
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Од утре до 15 мај полицискиот час ќе почнува во 21 и ќе трае се до 5 часот наутро. Исклучок од забраната за движење ќе има за Велиден на 1 кон 2 мај, како и меѓу 13 и 14 мај, за верскиот празник Рамазан Бајрам. Ваква одлука донесе Владата на денешната седница по препораките на Комисијата за заразни болести.

-повеќе на темата: Коронавирус: Маските на отворено немаат смисла, опасноста демне во затворени простории

Од утре се отвораат и терасите на угостителските објектикои ќе работат до 20.30 часот. Компаниите од угостителската дејност регистрирани за прослави (свадби, родендени, крштевки и слично) ќе можат да ја организираат работата само како ресторани на отворено, односно на терасите, а забраната за организирање свадби, родендени, крштевки и слично, останува. Исклучок од ова се угостителските објекти на меѓународните аеродроми, како и во објектите за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и друго) за лицата кои се сместени во овие објекти, кои остануваат да работат како и до сега, соопшти Владата.

На сила останува забраната за работа на сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор, кои дејноста може да ја обавуваат на отворен простор.

Полицискиот час во Северна Македонија е на сила од 10 март,со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.