Од коала до опосум: фудбалски претскажувачи меѓу животните
Покрај новајлијата Оби-Оби и прочуениот октопод Паул, кој со неговите прогнози за Мундијалот во 2010 година стана ѕвезда, меѓу животинските претскажувачи, многу други животни се обидоа како фудбалски стручњаци.
Коалата Оби-Оби
Тој е новиот неофицијален претскажувач за натпреварите на германската репрезентација на ЕУРО 2016. Неговата прва прогноза дадена од Зоолошката градина во Лајпциг беше на 12 јуни за мечот Германија-Украина. Оби-Оби прогнозираше погрешно на нерешен резултат.
Слоницата Зела
Таа веќе типуваше: слоницата Зела од Зоолошката градина во Штутгарт не даде добри прогнози за германската репрезентација. Според нејзиното претскажување, Германците ќе испаднат уште во првата рунда. Ако ѝ се верува на Зела, европски шампион ќе стане аутсајдерот - Северна Ирска.
Октоподот Паул
Тој не беше приот животниски претскажувач, но беше најуспешен. За Светското првенство во 2010 година во Јужноафриканската Република тој точно го прогнозираше исходот на сите натпревари на германската репрезентација.
Видрата Ферет
Видрата Ферет од животинскиот парк во Ауе пред полуфиналето на ЕУРО 2012 прогнозираше против Италија, односно за Германците. Екипата на Јоахим Лев тогаш сепак загуби со 1:2.
Слоницата Нели
Таа е полнокрвна фудбалерка: слоницата Нели од Серенгети паркот во германската покраина Долна Саксонија за Мундијалот во 2014 година типуваше во автентичен фудбалски манир.
Желката Моморио
Желката Моморио беше официјален претскажувач на утринскиот магазин на германската телевизија-АРД и уште пред првиот натпревар во групата за СП 2014-та ја препозна силата на германската репрезентација. Таа типуваше на победа против Португалија. Германија навистина победи со 4:0 и подоцна стана светски првак.
Пингвинот Роналд
И тој прогнозираше точно: Хумболд-пингвинот Роналд од животинскиот парк во Либенау во 2014 година се одлучи за германската фудбалска репрезентација.
Оклопникот Така
Животното оклопник беше официјална маскота на Мундијалот во Бразил. Оклопникот Така од Зоолошкиот парк во Ерфурт тука типува на вториот натпревар во групата Германија против Гана, кој заврши 2:2.
Октоподот Регина
Таа е вториот познат октопод-претскажувач. Регина од аквариумот во Берлин за првиот натпревар од групата на СП 2014 истотака типуваше на германската репрезентација. Прогнозите за наредните напревари против Гана и САД меѓутоа ѝ беа погрешни. Како нејзина наследничка за ова ЕП се смета октоподот Ана од аквариумот во Констанц.
Опосумката Хајди
И за други пригоди се бараат животни како претскажувачи. Таков пример е опосумката Хајди, која исто како коалата Оби-Оби живее во Зоолошката градина во Лајпциг. Хајди за кратко време стана интернет феномен и настапи дури и на американската телевизија. При доделувањето на Оскарите во 2011 таа ги предвиде победниците во некои од главните категории.