ОБСЕ: Состојбата во македонските медиуми се’ полоша
12 август 2011Реклама
ОБСЕ изрази загриженост поради нападите врз медиумската слобода во Македонија. Во писмо упатено до македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, оценува дека и покрај бројните апели, состојбата во Македонија е се` полоша. Притоа таа го наведува неодамнешното отпуштање од работа на претседателката на новинарскиот синдикат, Тамара Чаусидис, како и одземањето на лиценцата на А1 телевизија.
Автор: БГ/ TT/ бета
Редактор: Александра Трајковска