1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

250208 OSZE Russland

Штефан Деге 26 февруари 2008

Организацијата за безбендост и соработка во Европа нема да испрати свои набљудувачи за изборите во Русија. Исто како ОБСЕ и нејзината канцеларијата за демоктарски институции и човекови права ОДИХР ја одби Русија.

https://p.dw.com/p/DDLw
Горан Ленмаркер, претседател на парламентарното собрание на ОБСЕФотографија: AP
Русија реагираше налутено.ОБСЕ одби разумен компромис, се пожали шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Кремљ и ОБСЕ предтходно преговараа за да се утврдат условите за набљудувачката мисија. За ОБСЕ резултатот од преговорите беше разочарувачки, како што потврдува и портпаролот на ОДИХР Јенс Хаген Ешенбехер „Одлучувачки момент за нас е да бидеме сигурни дека можеме да спроведеме веродостојно набљудување на изборите во Русија. Рестрикциите кои ни се наметнаа од страна на руските власти и бројот на набљудувачи што требаше да го испратиме, нема да овозможат веродостојна набљудвачка мисија.“ Како функционира набљудувачка мисија на ОБСЕ? Изборите не се случуваат само на денот кога се избора, но Русија набљудувачите на ОДИХР сакаше да ги пушти само три дена пред изборите. Откако се протестираше, се помести терминот на 20 февруари. По правило набљудувачките мисии на ОДИХР се состојат од централна единица стационирана во главниот град на земјата каде тимот обучени страучњаци ги навбљудува медиумите и правниот систем во земјата каде се избира. Најдоцна шест до осум недели пред изборите тие веќе треба да бидат во земјата. Нивна задача е да воспостават контакт со политичарите, кандидатите, медиумите и претставниците на цивилното општество и да водат разговори. Русија треба да ги почитува демократските стандарди Префрлувањата на Кремљ дека со помош на овие мисии западот се обидува да изврши политичко влијание во Русија како при „обоените револуции“ во Украина и Грузија ОДИХР ги отфрла „Русија како и секоја друга земја членка на ОБСЕ се обврза да спроведува одредени стрнадарди. Тоа содржи и стандарди за демократски избори. Ние набљудуваме дали се спроведуваат тие стандарди.“ истакнува Ешенбехер Претседателските избори на 2март во Русија ќе минат без набљудувачи, исто како и парламентрните во декември. Што се однесува до соработката во иднина Ешенбехер појаснува „Ќе го продолжиме дијалогот со руските власти. Во минатото набљудувавме избори во Русија и немаше големи проблеми. Се надеваме дека добрата сорабтока ќе продолжи и во иднина.“