ОБСЕ нема да ги набљудува изборите во Русија
16 ноември 2007Реклама
Во знак на протест против однесувањето на руските власти, организацијата за европска безбедност и соработка ОБСЕ, нема да испрати набљудувачи на изборите во Русија. Во официјалното соопштениет на организацијата стои дека тие не се во состојба да ги набљудуваат изборите закажани за 2 декември. Тие критикуваат дека 70 нивни набљудувачи се уште не добиле руски визи, како и дека со властите имаат спор околку бројката монитори. Русија сака да дозволи влез вкупно на 400 меѓународни монитори, што според ОБСЕ и САД не е доволно. За споредба, на парламентарните избори во 2003 во Русија имало 1200 меѓународни набљудувачи.