1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОБСЕ не пронајде компромис за многу теми

Wood Dany1 декември 2007

Земјите од ОБСЕ не успеаа да се договорат за донесување заедничка декларација. Впечаток е дека дводневниот состанокот во Мадрид, наместо да придонесе за надминување на разликите само ги нагласи.

https://p.dw.com/p/CVSF
Единство само на фотографијаФотографија: AP

Русија и САД се обвинија меѓусебно дека ја искористиле Организацијата за заедничка безбедност и соработка во Европа за лични политички и стратешки цели. На почетокот на конференцијата, претседавачот Шпанија сигнализираше дека атмосферата е нарушена поради сериозни политички теми во кои е вклучена Русија. На средбата на ОБСЕ шефовите на дипломатиите не успеаа да ги надминат политичките разлики, а забележан е мал прогрес на неколку теми. Главен камен на сопнување беа американскиот антиракетен штит во Европа и одлуката на Русија да истапи од Договорот за конвенционално оружје во Европа.

Лавров разочаран од САД, Барнс од Русија
Рускиот министер за надворешни Сергеј Лавров појасни дека Договорот веќе не соодведствува на реалната ситуација во Европа. Истовремено повика на реформа на ОБСЕ за да не може некоја земја да ја користи како свое оружје, рече Лавров алудирајќи на САД. Американскиот заменик министер за надворешни Николас Барнс одговори дека Русија направила грешка со ваква еднострана одлука:
„Ова е големо разочарување. Мислам дека прашањата за Договорот за конвенционално оружје и спречувањето на мониторинг мисијата на ОБСЕ да ги набљудува изборите во Русија отстапуваат од мнозинството овде на конференцијата“
Овие несогласувања придонесоа и да не се донесе решение околу мисијата на ОБСЕ на Косово чиј мандат истекува во декември. Се стравуваше дека ако дојде до еднострано прогласување независност, Русија ќе биде против продолжување на мандатот. На дводневниот состанок, постигнат е договор за нова мисија во Авганистан,за мониторинг на безбедноста на границите.