1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОБСЕ не е само дебатен клуб

17 септември 2004

ЕУ и ОБСЕ соработуваат,а не си конкурираат меѓусебно

https://p.dw.com/p/Adr6

Организацијата за европска безбедност и соработка беше основана пред се за околу една маса да бидат собрани земјите кои ги разделуваше железната завеса од времето на студената војна,тоа беше во 1975 година,кога настана како Конференција за безбедност и соработка.

Исто така важен датум е донесувањето на париската Повелба за новата Европа во 1990 година.

Во 1995 година,по престанокот на напнатоста меѓу истокот и западот таа прерасна во организација,а нејзините активности се повеќе се концентрираа на источна и југоситочна Европа,особено на помош во решавањето на кризите во земјите од бивша Југославија и слдење на демократската преобразба.ЕУ со примањето на новите членки е се поактивна на подрачјето кое досега го имаше ОБСЕ,на пример преку Пактот за стабилност за ЈИЕ.Но,овие две организации не си конкурираат,туку се дополнуваат во својата работа.

Дури и во летните месеци ОБСЕ беше активна,било да станува збор за помош при обуката на српските полицајци,грузиско осетскиот судир или за законот за сопственички односи во Албанија.Но оваа организација често е изложена на критики дека нејзините активности се исцрпуваат во бројни дискусии,а премалку нешта се реализираат.Точно е дека во седиштето во Виена се водат бројни расправи на различни теми,но заменикот портпарол на ОБСЕ Кеит Јинкс истакнува :

-Мислам дека ОБСЕ често неправедно е критикуван како дебатен клуб.

Неодамна во Виена беше одржан состанок за сексуалното малтретирање на децата и мерките на борба против него.

Стручњакот за оваа област ,правникот Ли Мур вели:

-Размерот на проблемот е голем.Кога во полицијата и во болниците би било пријавено секое дете кое доживеало сексуално малтретирање,со сите воопшто не би можеле да излеземе на крај.

Британскиот полицаец Реј Вајер укажува дека до вистински успеси може да се стигне само со добра меѓусебна соработка:

-Велика Британија подобро излегува на крај со тие проблеми и затоа нашите криминалци заминуваат во други земји.Поради тоа е нужна меѓународна соработка.

Организацијата за европска безбедност и соработка за тоа пружа и соодветни рамки,таа брои 55 земји,од САД и Канада,преку земјите од западна и источна Европа до земјите наследнички на поранешниот Советски сојуз.Во организацијата работат повеќе илјади луѓе,а лани за своите проекти имаа речиси 190 милиони евра на располагање.

Ли Мур и Реј Ваер на полицајците и на стручњаците од таа област им ги изнесоа своите тешкотии во борбата против сексуалното малтретирање на децата-повеќе од тоа тие не можат да направат.Но портпаролот на ОБСЕ смета дека нивните зборови можеби можат да се претворат во дела:

-Да,овде многу се дискутира,многу потоа се заборавано некои од изјавите влегуваат во важните документи со кои може да биде придонесено за подобрување на положбата на луѓето и одбрана на нивното достоинство,вели Јинкс.

Начелото на надеж и така е во темелите на дејствувањето на оваа организација.За време на струдената војна И САД и Советскиот сојуз меѓу своите сојузници бараа одредени заеднички именители.По макотрпни преговори,35 земји во 1975 година во Хелсинки потпишаа заклучни документи за Конференцијата за сигурност и соработка во Европа.По падот на Берлинскиот ѕид,работата на Конференцијата прерасна во организација која свои седишта има во Варшава,Прага и Виена.

ОБСЕ има свои бројни ограноци во земјите од источна и југоисточна Европа во кои соработниците помагаат во воведувањето на процесот на демократизација.Набљудувачките тимови на ОБСЕ ги следат изборите,помагаат во работата на полицајците и ја поддржуваат работата на новинарите,судиите и државните обвинители.

Без разлика на растечкиот број земји членки на ЕУ,портпаролот на ОБСЕ смета дека оваа организација сепак е единствена и незаменлива.

Некои од земјите од југоисточна Европа веќе се членки на ЕУ,а некои сакаат да бидат.Но ЕУ нема да може да го замени ОБСЕ.Особено што не е многу изгледно примањето на поранешните републики од Советскиот сојуз во ЕУ.Јинкс смета дека работата на овие две организации одлично се надополнува:

-Верувам дека ЕУ е многу задоволна со улогата на оБСЕ во земјите кои граничат со ЕУ,зашто сите тие сакаат да се приближат кон ЕУ.