1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обиди за поправка на турско-американските односи

Томас Зајберт/ Жана Ацеска21 ноември 2014

Американскиот потпретседател Џо Бајден денеска патува во Турција. Односите меѓу Вашингтон и Анкара се затегнати по јавно изнесените разлики во мислењата околу сирискиот конфликт.

https://p.dw.com/p/1DqVe
Фотографија: picture alliance/AA

Џо Бајден е познат по тоа што повремено зборува работи кои другите политичари порадо би ги задржале за себе. А за турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се знае-најчесто реагира многу чувствително на критики. Затоа, никакво чудо што Бајден на почетокот на октомври со своите изјави го навлече врз себе гневот на турскиот претседател. Ердоган му признал дека било грешка што на исламските борци им бил овозможен странсфер од Турција преку границата кон Сирија, изјави Бајден. Ердоган веднаш побара извинување, што Бајден и го направи.

Оваа размена на удари беше симптоматична за разликите во мислењата меѓу Турција и САД во поглед на политиката кон Сирија. Вашингтон започна борба против џихадистите од Исламска држава во северен Ирак и во Сирија и ги бомбардира од воздух нивните позиции во непосредна близина на турската граница. Анкара пак застапува друга позиција, според неа, поприоритетно за меѓународната заедница е концентирањето врз соборување на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Лиферување оружје на Курдите

Овие спротивности минатите недели вродија со делумно жестоки вербални битки. Ердоган ги обвини САД дека со мисијата во Кобане поддржуваат една терористичка организација, имено, курдската партија ПУД која таму се бори против Исламска држава, а е огранок на курдските бунтовници од Работничката партија на Курдистан, ПКК. Американците лиферуваа оружје на ПУД, иако Ердоган беше против.

Kampf um Kobane 17.11.2014 Luftangriff
Борба за Кобане-разлики во политиката кон Сиријамеѓу САД и ТурцијаФотографија: Reuters/O. Orsal

Бајден при посетата на Анкара треба да се обиде да ги китира пукнатините. Од гледиште на политикологот Белул Озкан, експерт за турската надворешна политика на истанбулскиот Мармара универзитет, премостувањето на спротивностите ќе се покаже како многу тешко.

„САД сакаат да ја уништат Исламска држава“, вели Озкан за Дојче веле. Развластувањето на Асад не е приоритетно за Вашингтон. Сепак, двете страни ќе се обидат да најдат области каде се преклопуваат заедничките интереси.

Турски владини претставници во деновите пред посетата на американскиот потпретседател јавуваат за приближување на Вашингтон кон турските позиции. Турскиот премиер Ахмет Давутоглу во овој контекст тврди-тој примил силни сигнали по разговорот со американскиот претседател Барак Обама на маргините на самитот на Г20 во Австралија.

Ситуацијата во завојуваниот северносириски град Алепо на напорите за завршување на турско-американските спротиставености им дава нова итност. По повлекувањето од Алепо на Слободната сириска армија, поддржувана од Западот, наскоро градот може да падне во рацете на сириските владини трупи. Во овој случај е веројатен нов бран бегалци кон 60 километри оддалечената Турција.

Flüchtlinge im Grenzgebiet zwischen der Türkei und Syrien
Бегалци на тусрко-сириската границаФотографија: DW/J. Hahn

„Нема американски планови за развластување на Асад“

Со оглед на ситуацијата во Сирија, Ферхат Пиринчи, политиколог на универитетот Улудаг во севернотурскиот град Бурса, гледа нужност САД да го променат ставот. Во борбата против Исламска држава на Обама му се потребни сојузнички копнени трупи на теренот, вели Пиринчи за Дојче веле. За да стекнат веродостојност, САД мора да станат активни на оваа тема.

Асли Ајдинтасбас, колумнистка на истанбулскиот весник „Милиет“, на турските политичари сепак им советува да не се предаваат на илузијата за промена на политиката на Вашингтон кон Сирија и офанзива на Американците против Асад. Американските владини претставници, навистина, го осудуваат Асад со еднакво остри зборови како и нивните турски колеги, вели Ајдинтасбас за Дојче веле, но: „тоа не значи воопшто ништо. Не постојат никакви планови за развластување на Асад“. За САД главна цел во Сирија останува борбата против терористичката милиција Исламска држава.

Според проценките на Ајдинтасбас, САД би биле целосно подготвени да соработуваат со Турција на спречување натамошна хуманитарна катастрофа, на пример при евентуален пад на Алепо. Но, во тоа да се прочита подготвеност на САД во борбата против Асад, би било погрешно.