Обдукцијата покажа: Германецот во Авганистан бил застрелан
3 август 2007Извештaјит на обдукцијата донесе тажна вест: Германецот грабнат пред две недели во Авганистан е убиен од киднаперите. Според сознанијата на келнскиот институт за судска медицина 44 годишниот инжинер прво преживеал колапс, потоа грабнувачите го убиле со два истрела. По што во телото биле испикуани уште четири истрели. Сето ова најверојано се случи кога грабнувачите со двајцата заложници бегале низ планините.
Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, кој во моментов е на турнеја низ Африка реагираше со негодување. Последните два часа биле вистинско измачување за починатиот, грабнувачите го убиле ужасно. Ова злосторство нема да остене неказнето.
Министерството за надворешни работи на почетокот сметаше дека инжинерот починал поради напорот и стресот при грабнувањето. Но бидејќи кратко пред неговата смрт истече ултиматум на грабнувачите, постоеше сомневање на причините за смртта, кое уште повеќе се зголеми со оглед на фактот дека на телото беа видливи истрели. Министерството за надворешни работи нареди спорведување обдукција.
Во меѓувреме нема нови информации за вториот германски државјанин, кои се уште е во рацете на грабнувачите. На почетокот на неделава телевизијата Ал Џезеира објави видео снимка. За портпаролката на министерството Јулија Грос видеото е
„Целно лансиран документ за застрашување. Експертите на кризниот штаб работата за внимателно да ја анализираат и проценат видео снимката .“
Спроед податоци на Ал Џезеира грабнатиото на видео снимката ја моли германската влада да ги повелече своите војници од Авганистан. Барање кое сигурно нема да го прифати канцелрот Ангела Меркел „Во секој случај нема да реагираме не барањата од кругот на Талибанците. Не може да бидеме уценувани. Тоа би било многу опасно. Мислам дека тоа е важен но и целосно неспорен став надвор од партиските рамки. Уценувањето не би било одговорно.“
Сојузната германска влада нема да дозволи да биде уценува но сака да го спаси животот на грабнатиот. Кризниот штаб на министерството за надворешни работи ги прзема сите мерки за да биде ослободен вториот Германец колку што е можно побрзо.