1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обврска за Израел

Макс Хофман / превод: ЕМФ18 декември 2014

Европскиот парламент донесе резолуција за признавање на палестинската држава, со која се опфатени сите, а за која не е заинтересиран речиси никој. Сепак, таа има значење, оценува Макс Хофман.

https://p.dw.com/p/1E6d6
Фотографија: picture-alliance/dpa

На крајот е оваа реченица: „Европскиот парламент во основа поддржува признавање на палестинска самостојна државност и решението ’две држави’ и е на мислење дека тоа треба да оди заедно со продолжението на мировните разговори“. Реченица која ќе остави печат и ќе биде слушната на Блискиот Исток? Сигурно не! Безвреден маневар во европското политичко разводнување? Исто така не! И покрај својата немоќ по ова прашање, ЕП го стори вистинското и тоа од две причини.

1. Особени односи

Се‘ додека германските политичари се соодговорни за вака формулиран заклучок, кој ги допира интересите на Израел, тие ќе бидат воздржани. Ако Бил Клинтон беше германски канцелар, а не американски претседател, својот легендарен слоган „Тоа е економијата, глупав“ ќе требаше можеби да го претвори во „Тоа е историјата, глупав“. И по речиси 70 години од крајот на Втората светска војна Германија мора да стои препознатливо на страната на Израел.

Deutsche Welle Studio Brüssel Max Hofmann
Макс ХофманФотографија: DW/B. Riegert

Особениот однос меѓу Германија и Израел не значи дека Германците не смеат да критикуваат, на пример израелското градење доселенички населби на палестинските територии. Но тоа значи дека мора да се задржи мерката. Тоа германските парламентарци во најголем дел го сторија. Се разбира, не беа сами, но тие се дел од моторната сила која спречува безусловно признавање на Палестина и за такво нешто како предуслов ставаат мировен процес кој функционира.

2. Безусловно признавање не носи ништо

ОН во 2012 година индиректно ја признаа Палестина како држава. Шведска го следеше тој пример годинава, но со тоа не врза никакви услови. За ваквата одлука може да се дискутира, но сигурно е дека таа не донесе ништо! Таа сепак докажува дека Израел ја губи поддршката во меѓународната заедница и народите во светот. Екстремните делови на политичкиот и верскиот спектар го користат тоа се‘ почесто, на пример во Франција, каде антисемитистичките кривични дела годинава се двојно зголемени.

Сето тоа на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се чини не остава впечаток. Дури и односот кон најсилниот и најважен сојузник САД, кој е во криза, не го враќа Нетанјаху на преговарачка маса. Како тогаш еден необврзувачки заклучок на Европскиот парламент да ги поттикне мировните разговори меѓу Палестинците и Израел? Одговорот е едноставен - никако! Сепак, во тоа има порака која би можела да биде важна и за Нетанјаху. Имено, многу европарламентарци се‘ уште порадо прават обид со Израел и не го вадат „дрвениот чекан“ на безусловно признавање на Палестина. Од тоа за Израел произлегува обврска. Тоа е вистинската вредност на резолуцијата.