Обама го менува курсот на политиката кон Авганистан
9 март 2009Од Белата куќа се слушаат поинакви тонови, отколку вообичаените во минатото. Верувате ли, господине претседателе, дека може да се добие војната во Авганистан - прашаа уредниците на весникот „Њујорк тајмс“. „Не, но знам дека војниците таму извршуваат величествена работа во многу тешка ситуација“ - одговори Барак Обама. Разговорот е воден во претседателскиот авион. Обама наслика многу критична слика на состојбата во завојуваното подрачје, која значително се влошила во последно време: „Условите станаа уште позастрашувачки. Талибанците стануваат се’ подрски и на југот на Авганистан не напаѓаат на начин на кој досега не бевме невикнати“.
И во Авганистан стратегијата од Ирак?
Американската војска во Ирак веќе подолго време спроведуваат стратегија на разговори со сунитските бутновници, кои поради константното насилство од терористите на Ал Каеда во меѓувреме се подготвени за соработка со армијата на САД. Ситуацијата во Авганистан, навистина, е покомплексна отколку во Ирак, но и покрај тоа американската страна сега очигледно има намера да се осмели на приближување кон умерените талибанци. Шерил Геј Столберг, уредничка во „Њујорк тајмс“, е од оние кои сметаат дека тоа би било незамисливо во времето на Џорџ Буш како претседател: „Мислам дека претседателот Обама прави недвосмислена промена на курсот кон нашите непријатели. Ние во меѓувреме зборуваме и за тоа, дека Иран треба да биде вклучен во разговорите за Авганистан и бараме контакт со Сирија. Веќе тоа е многу значајно“.
Според извештаи во американски медиуми, претседателот на Авганистан Хамид Карзаи ги поздравил изјавите на Барак Обама. На викендот беше обелоденето и дека веќе во наредната половина година 12 илјади американски војници треба да бидат повлечени од Ирак, а истовремено Обама има намера да ги засили трупите во Авганистан.