Ново примирје меѓу Фатах и Хамас
15 мај 2007Реклама
По најновите борби во палестинските подрачја, раководствата на ривалските групи Фатах и Хамас се договрија за ново примирје. Како што соопшти владиниот портпарол Гази Хамад, високи претставници на двете страни се договориле да ги повлечат своите борци од улиците. И покрај тоа има извештаи за одделни инциденти во кои загинал еден припадик на Хамас. И во минатото ваквите договори се одржуваа само кусо време. Од неделата во борбите меѓу Хамас и Фатах, загинаа најмалку 8 лица, додека преку 70 се ранети.