1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ново грабнување во Авганистан

18 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BVhd

Во главниот град на Авганистан, Кабул, според информации на тамошното министерство за внатрешни работи, вооружени лица грабнале една Германка. Според полицијата, жената била киднапирана од 4 лица од еден ресторан. Германското министерство за надворешни работи во Берлин и амбасадата во Кабул соопштија дека грабнувањето засега не можат да го потврдат. И натаму е неизвесна судбината на пред неколку недели грабнатиот германски инеженер. Грабнувачите бараат повлекување на германските војници од Авганистан.