Новинарите во одбрана на достоинството
4 јули 2011Тргнувајќи од зградата на Здружението на новинари, па се' до плоштадот „Пела“, новинарите на мирен протестен марш ја покажаа својата солидарност со колегите кои останаа без работа и изразија негодување поради секојдневното кршење на професионалното и човечкото достоинство. На протести повикаа Самостојниот синдикат на новинари (ССНМ) и Здружението на новинарите (ЗНМ). Новинарските здруженија за непосреден повод за протестот ги наведуваат отказите на две новинарки од „Утрински весник“ и затворањето на дневните весници „Шпиц“, „Време“ и „Коха е ре“. Претседателот на Синдикатот на новинари, Тамара Чаусидис изјави дека причините за протестот се многубројни. Денеска беше побарано подобрување на состојбата на новинарите и менување на односот на сопствениците на медиумите кон нивните вработени.
Автор: БМ/миа
Редактор: Горан Чутаноски