Нови жртви на спортските градилишта во Катар
25 јануари 2014Бројката изгледа застрашувачка: 382 работници само од Непал го загубиле животот во изминатите две години на градилиштата за Светското фудбалско првенство 2020 во Катар. Ова произлегува од новите документи до кои стигнал британскиот весник „Гардијан“. Според нив, многу странски работници во Катар работат во човечки недостојни услови и тоа и покрај вознемиреноста и укажувањата од странство по смртните случаи на градилиштата во минатиот септември.
Ни по бранот огорчување во светот ситуацијата на странските работници на градилиштата не е подобрена и покрај сите уверувања од домаќинот. Од септември досега загинале најмалку уште 36 Непалци во Катар. Официјалната евиденција во Катар вели дека вкупниот број жртви од Непал во 2013. година изнесува 185. Но, бројката може да расте, зашто се пријавени нови жртви кај Pravasi Nepali Coordination Committee (PNCC), кој организира пренос на починатите во Непал.
Светската фудбалска федерација ФИФА реагираше брзо и остро:
„Во Катар итно и трајно треба да бидат создадени фер работни услови“, гласи нејзиното соопштение.
Предупредувања не фалеа ни порано, иако очигледно со нив ништо не се менува. Инаку, работниците од Непал сочинуваат само една шестина од странските работници кои се наоѓаат во Катар на градилиштата за спорстките објекти во рамките на Мундијалот во 2020. година. Во земјата има околу два милиона странски работници, меѓу другото од Индија, Шри Ланка и Пакистан.