Нови жртви во редовите на ИСАФ мисијата
11 август 2012„Напаѓачот не беше во униформа и нашите најнови информации покажуваат дека тој е цивил, вработен во базата, но нема индикации дека тој бил член на авганистанските служби“, рече портпаролот на ИСАФ.
Тој немаше информација како цивилот успеал да внесе оружје во НАТО базата на северот од Авганистан. Исто така вчера авганистански полицаец отвори оган врз четворица војници, кои ги поканил на ифтар, или рамазанска вечера во 2:30 по полноќ, убивајќи тројца од нив. Ова е трет напад врз војниците од ИСАФ мисијата во последниве четири дена.
Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот, информирајќи дека се убиени седум, а не тројца, американски војници од специјалните сили.
Овие напади дополнително ќе ја поткопаат довербата меѓу странските трупи и Авганистанците кои работат за нив. Повеќе од 30 НАТО војници се убиени во 23 вакви напади оваа година.