Нови германски жртви во Авганистан
15 април 2010Две недели по нападот врз Бундесверот во Кундус, денеска повторно се убиени германски војници во северниот дел од Авганистан. Војниците биле изненадени со ракетен напад при патролирање кај градот Баглан, изјави попладнево портпарол на германската команда на мисијата на Бундесверот во Потсдам: „Битката се‘ уште трае“, изјави портпаролот, во неа учествуваат во меѓувреме и авганистанските и меѓународните сили.
Министерот Гутенберг итно се враќа во Авганистан
Дали и меѓу напаѓачите, околу 400 талибанци, има загинати или ранети, нема информации. Покрај германските војници загинале и тројца авганистански полицајци.
Германскиот министер за одбрана Карл Теодор цу Гутенберг, кој беше на пат за Германија по посетата на германските трупи во Авганистан, најави итно повторно враќање во Авганистан, заедно со началникот на Генералштабот Фолкер Викер, за да биде заедно со своите војници. Според информациите, министерот ќе престојува во градот Масар-и-Шариф, каде се пренесени и ранетите војници.
Автор: ЖА/СН/ројтерс/дпа/апн
Редактор: Симе Недевски