Нова терористичка закана за Германија и Австрија
21 ноември 2007Реклама
Во нова интернет видео порака, досега малку позната исламистичка група се заканува со напади против Германија и Австрија. Според австриските медиуми Глобалниот исламистички медумски фронт најавува напади во двете земји ако тие не ги повлечат војниците од Авганистан. Германскиот министер за внатрешни, Волфганг Шојбле изјави дека пораката е сфатена сериозно, но безбедносната ситуација во земјата не е променета.