1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова состојба, нова канцеларка

Дагмар Енгел/превод:БГ16 јануари 2015

По терористичките напади во Франција, Ангела Меркел делува сосема поинаку: цврста, поодлучна и полна со чувства. Доживува ли светот една нова жена на чело на Германија, се прашува Дагмар Енгел.

https://p.dw.com/p/1ELTr
Фотографија: Reuters/Valat

Подготвеност на ризик, борбеност, емоционалност - карактеристики кои не паѓаат веднаш на ум кога се опишува „најмоќната жена на светот“ (според Форбс). Ни во својата официјална изјава за терористичките напади во Франција, Ангела Меркел не го подигна гласот, не ја стисна тупаницата, ниту пак очите и‘ се замаглија од солзи. Нејасно е тогаш зошто бројни коментатори во Германија тврдат дека канцеларката е во процес на промени?

Merkel und Hollande in Paris 11.1.2015
Меркел и Оланд во ПаризФотографија: Reuters/Rossignol

Доказ број 1: Оваа фотографија, снимка од маршот во Париз: студената канцеларка која секогаш ја избегнувала физичката блискост со своите колеги, се потпира на францускиот претседател, ги затвора очите, делува меко и емотивно. Наводно, ништо не е случајно во настапот на Ангела Меркел.

Доказ број 2: Демонстративно стои пред муслиманите во Германија. Канцеларката и лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) го цитира поранешниот претседател Кристијан Вулф и истакнува дека исламот исто така и‘ припаѓа на Германија. Тоа е навистина ново: во 2010. не му даде таква потврда на Вулф, а сега тоа го стори дури два пати во четири дена. Првиот пат по посетата на турскиот премиер. Тогаш следеше бран критики од нејзината партија, од сестринската партија ЦСУ, од Американскиот еврејски конгрес, а и бројни нејзини гласачи немаат исто мислење. Сепак, таа целиот цитат повторно го искажа во владината изјава во парламентот.

Доказ број 3: Ангела Меркел без двоумење изнесува јасен став против антиисламските демонстрации на Пегида, бира емотивни зборови, зборува за омраза и студенило кое го гледа во некои срца. Сите кои се за Пегида ги потсетува на нивната граѓанска одговорност. Нејасно е колку луѓе навистина има на тие собири, но таа свесно ризикува да загуби гласови.

Докази за спротивното? За канцеларката се вели дека владее врз основа на анкетите, односно дека се раководи според расположението на граѓаните. Нејзините настапи, зборови и гестови во изминатите 14 дена на прв поглед говорат нешто друго. Но, всушност Ангела Меркел одразува нешто што во последните недели почна да се воочува надвор од нејзината канцеларија: германското општество се простува од, навидум, комфорниот консензус. Тоа е повторно идеолошко, десетици илјади луѓе се на улиците. Тие заземаат ставови, понекогаш можеби и крути, и очекуваат од своите лидери и тие да се позиционираат. Ангела Меркел во својата изјава бараше демократски односи во земјата. Демократијата меѓутоа значи дека секогаш, и во конфликт, борбата треба да се води со аргументи. Секој, вклучително и канцеларката, мора да ја напушти својата зона на удобност. Процесот започна.

Kommentarfoto Dagmar Engel Hauptstadtstudio
Дагмар ЕнгелФотографија: DW/S. Eichberg