1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова помош од Македонија заминува за Србија и БиХ

ЕМФ/миа19 мај 2014

Десетици тони хуманирана помош што ја донираа македонските граѓани денеска (19.05) со конвој камиони организирани од Црвениот крст на Македонија заминува кон поплавените подрачја во Србија и во Босна и Херцеговина.

https://p.dw.com/p/1C2DO
Фотографија: MIA

Црвениот крст информира дека во акцијата за собирање помош, до вчера во 17 часот на пунктовите во Скопје се донирани 20 тони прехранбени артикли, 10 тони хигиенски средства, 60.000 литри вода, 1.000 ќебиња, еден тон бебешка храна, три тони млеко, 10 тони облека, 1.000 пара обувки. Преку телефоните за донација, заклучно со 16 часот вчера, се собрани 3.700.000 денари. Финансиските средства кои ќе бидат собрани на телефоните за донација и на жиро сметката на Фондот на солидарност ќе бидат уплатени на сметките за помош на Србија и на БиХ на 31 мај.

Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, изјави дека собирањето помош ќе продолжи и во наредните денови. Тој очекува поголем одѕив од фирмите и големите компании, имајќи предвид дека досегашните донации се претежно индивидуални од граѓани. Согласно одлуката на Владата на Македонија, во првата интервентна фаза за помош на поплавените подрачја веќе се испратени 75 специјалисти за поплави од министерствата за внатрешни работи и одбрана и од Дирекцијата за заштита и спасување, 45 пумпи за испумпување на вода, 35 агрегати, девет чамци, 3.000 ќебиња и поширока палета на лекови. Дополнително е овозможена помош со транспортен хеликоптер МИ-17, опремен со екипаж со специјални единици, кои го опслужуваат за да се помогне во насока на справување со поплавите, како и испорака на електрична енергија. Србија од Македонија во наредните денови ќе добие и електрична енергија од 80 мегавати секој час. За помош во поплавените подрачја во Србија замина и чета од Единицата за специјални задачи „Тигар”, обучена за спасување и помош во кризни ситуации.