Нов ултиматум за заложниците во Авганистан
31 јули 2007Реклама
Талибанските бунтовници во Авганистан кои држат во заложништво 21 јужнокорејски државјани се заканија дека ќе продолжат со нивното ликвидирање доколку најдоцна до утре изутрина во 7 часот и 30 минути не бидат ослободени од затвор нивните соборци. Авганистанските власти во меѓувреме ја идентификуваа и втората жртва на талибанските екстремисти чие тело утринава беше пронајдено покрај еден пат. Станува збор за 29 годишниот Шим Сунг Мин која работел како волонтер во фирма која им помагала на сиромашните. Сеуште нема информации за судбината на германскиот инженер кој е заложник на непозната група во Авганистан. Министрите за надворешни работи на 16 азиски нации побараа безусловно ослободување на заложниците.